Северна Кореја започна голема воена вежба

Пишува: Точка

Северна Кореја во вторник започна голема воена вежба на истокот на земјата, со која одбележува 85 години од основањето на својата народна војска.

Во соопштението од јужнокорејската војска се наведува дека вежбата се изведува во Вонсан регионот, но нема детали за тоа какво вооружување се користи, ниту, пак, кои единици учествуваат.

Оваа вежба на Северна Кореја е во исто време со воените вежби на американската и јужнокорејската морнарица во Жолтото море.

No comments

Powered by Blogger.