После американското бомбардирање на Сирија: Германците ги повлекуваат своите авиони

Пишува: Toчка

Германските извиднички авиони од типот „Торнадо“ нема да учествуваат во Анти-ИСИС коалицијата предводена од САД, изјави денес германската министерка за одбрана, Урсула Фон Дер Лејен.

Таа нагласи дека германските авиони имаат многу јасна улога во рамките на меѓународната коалиција против тероризмот, а тоа е вршење на извиднички мисии во борбата против Исламската држава.

„Авионите се наменети за борба против Исламската држава и тоа нема никаква врска со случајот со нападот со хемико оружје“, изјави германската министерка за одбрана Лејен.

Таа исто така порача дека Американците не побарале никаква помош од германските воени сили во пресрет на вчерашниот ракетен напад на сириската воздушна база недалеку од градот Хомс.

После нападот на Американците, се огласи германската канцеларка Ангела Меркел, која што во заедничкото соопштение со францускиот претседател Франсоа Оланд, порача дека ЕУ ја поддржува воената акција на Американците наредена од Трамп, а Асад поради злосторствата врз својот народ, заслужил таков развој на ситуацијата.



No comments

Powered by Blogger.