Монструми: Зависници со денови го мачеле сопственото бебе до смрт, а потоа се обиделе да ја исценираат неговата смрт за да не завршат во затвор

Пишува: Toчка

Истрагата покажала дека девојчето Имани од Лондон починало од фрактура на черепот, а имала и други сериозни повреди на главата.

Зависници од опојни дроги, Џефри Вилтшир (52) и Розалин Бејкер (25), се прогласени за виновни на судот во Лондон за смртта на својата четиримесечна ќерка Имани, чија смрт се обиделе да ја исценираат во јавност за да ја отстранат вината од себе.

Истрагата покажала дека девојчето починало од фрактура на черепот, а имала и други сериозни повреди на главата. Патолозите кои ја прегледале на нејзиното тело откриле дури 40 различни повреди.

Откако сфатиле дека си го убиле детето, осмислиле план - на јавно место да ја одглумат ненадејната смрт на бебето и така да се обидат да го избегнат обвинението за убиство. Видеото кое се прошири на интернет ја покажува Розалин како влегува во еден од градските автобуси со бебето кое го носи на себе, со лицето свртено кон нејзините гради и сокриено од погледи, за никој да не забележи дека девојчето е веќе мртво. 

На видеото се гледа и како таткото на детето ја бакнува Розалин пред да се качи во автобусот, и и' дава знак (палец нагоре), дека се ќе биде во ред со планот кој го осмислиле.

Се покажа дека Розалин 20 минути зборувала на телефон без да го погледне своето дете, а во нејзиниот телефон била пронајдена порака во која и' напишала на својата сестра дека Имани е мртва. 


Одеднаш, Розалин од другите патници започнува да бара помош, велејќи дека нејзиното дете не е добро. 

Шокирани, патниците побрзале да помогнат, обидувајќи се да го оживеат бебето се до пристигнувањето на Брза помош од која констатирале дека бебето е мртво веќе некое време. Неговото тело било ладно и здрвено, а устата модра - а дури отпосле обдукцијата покажала низ каков пекол поминало бебето. 

Девојчето Имани било злоупотребувано со денови пред нејзината смрт, соопштил судот. По споведувањето на судењето, монструозниот пар бил ослободен од обвинението за убиство, но ги обвиниле за предизвикување на смртта на детето. Пресудата за казната ќе биде донесена понатаму. 

Погледнете го видеото: 



No comments

Powered by Blogger.