Фотограф направи ѕверски теренски кампер


Што ќе ви е мобилен дом ако може да вози само по асфалт? Токму тоа си помислил фотографот Стефан Форстер пред да одлучи да го направи овој кампер од епски размери.

Заснован на моделот Toyota Hilux, овој теренец наречен Úlfur („волк“ на исландски) претставува интензивно теренско и камперско возило.

Во текот на една година, со помош на Гeocar, Hurter Offroad и Arctic Trucks Iceland Форстер го трансформираше теренецот на Toyota во кампер што може да помине низ секакви услови, а внатре е опремен со најмодерна опрема за непречено живеење во дивината.

Форстер вели дека нема шанси да го продаде специјално изработениот „волк“ по никаква цена.








No comments

Powered by Blogger.