Вознемирувачко видео: Возел зад автобус полн со деца, а потоа видел шокантна глетка

Пишува: Точка

Камерата на автомобилот која возела зад автобус полн со деца снимила ужасна сцена на автопатот во Арканзас од која му застанал здивот.

Имено, додека возел зад него, во еден момент од автобусот во полна брзина испаднало четиригодишно девојче.

Таа седела во задниот дел од автобусот кој превезувал група деца и некако успеала да ја отвори задната врата. Тогаш испаднала од автобусот на патот. Останатите деца веднаш го предупредиле возачот кој подоцна го запрел автобусот.
Автомобилот кој возел зад автобусот го управувал доброволниот пожарникар Рајан Камполи и тој веднаш застанал и отишол да му помогне на девојчето. Девојчето било без свест со тешки повреди на главата и скршена вилица.

Полициски службеник следното утро изјавил дека девојчето се наоѓа надвор од животна опасност и додал дека нема да биде покренато обвинение против возачот, бидејќи нема елементи за кривично дело.

No comments

Powered by Blogger.