Го застрелале кучето во глава со пиштол бидејќи изгубило во борбата: Ова е за смртна казна!

Пишува: Точка

Стоп за насилството врз животните, невини суштества кои ја делат планетата со нас и зависат од нашата добрина и љубов.

Суровоста кон животните понекогаш повеќе може да згрози и да натажи отколку насилството кон друго човечко суштество. Тие не ни прават ништо, едноставно се родиле на истата планета со нас.. треба да живееме во заедница, не да ги убиваме.

Сепак, чести се случаите на монструозно угнетување на невините суштества кои се полни со љубов.



Едно од најновите се случило во Шабац.

На улица било оставено куче, застрелано во главата со пиштол, умирајќи. Лежело во болки, и сосема малку фалело да искрвари и да умре во најголеми маки. За среќа (и чудо) било спасено.

Пукале во неа бидејќи изгубила во борба со друго куче. Александар, човекот кој ја нашол, веднаш ја однел на ветеринар кој дал се од себе да ја спаси и да ја врати во живот. Кучето женка на крај сепак имала многу среќа па моментално се наоѓа надвор од животна опасност. Александар и' обезбедил дом каков што заслужува.



Нејзиниот нов живот започнува во вистински раце.

Јас го правам ова бидејќи навистина не можам да ја свртам главата на другата страна. Не можам да поминам покрај невино суштество кое можам да го спасам и да не го направам тоа.. Немам никаква заработка од ова, ниту материјална корист, ова е чисто бидејќи душата така ми наложува. Обезбедувам грижа за животните веќе долго време. Имам три локации, сите се под кирија која јас ја плаќам сам.



Постојано имам пријави за тоа каде има оставени и напуштени кучиња. Здружението за вдомување не сака да ги зима кучињата од улица, па јас ги зимам. Како да ги оставам? Не сакаат да ги земат бидејќи се најтешки за чување, подлежни на болести. Им претставуваат голема обврска.



No comments

Powered by Blogger.