Дипломатот кој пред некој месец побегнал од Северна Кореја: "Внимавајте што зборувам, Ким е навистина подготвен да ја нападне Америка со атомска бомба"

Пишува: Точка

Тае Јонг Хо, поранешен заменик севернокорејски амбасадор во Велика Британија, и од 2016. година бегалец во Јужна Кореја, за "NBC News" рекол дека "очајниот" Ким Јонг Ун е подготвен да употреби нуклеарно оружје за да ги нападне САД и нивните сојузници.

"Ким Јонг Ун очајнички сака да ја задржи власта и поради тоа се потпира на развој на нуклеарно оружје и интерконтинентални балистички ракети", рекол Јонг Хо во разговор со новинарот Лестер Холт. "Кога би го видел првиот тенк, или било каква американска закана, би го употребил своето нуклеарно оружје".

Иако не бил директно вклучен во севернокорејскиот вооружен програм, Јонг Хо верува дека државата значајно напредувала во поглед на можноста за користење на нуклеарно оружје. NBC пишува дека моментално постои уверување дека Северна Кореја има повеќе од осум нуклеарни боеви глави, но дека уште не успеале да ги интегрираат на ракета со голем дострел, која би можела да ја погоди Америка.

Аналитичарите не се сигурни колку режимот на Ким Јонг Ун е блиску до таа можност, а високиот службеник на Северна Кореја рекол дека се подготвени да тестираат интерконтинентална балистичка ракета "било кога и било каде".

"Тие имаат нуклеарна способност, до толку покажаа", рекол адмиралот Скот Свифт, командант на американската флота стационирана во Тихиот океан. "Моментално сме загрижени поради нивниот да го минијатуризираат тој механизам и ракетите да ги опремат со нуклеарна боева глава".



Разговорот на Јонг Хо со Холт доаѓа во време на се поглеми тензии помеѓу Северна Кореја и САД. Американскиот претседател Доналд Трамп, министерот за одбрана Џејмс Матис, и државниот секретар Рекс Тилерсон, се сложни дека нешто треба да се направи за да се сопре Северна Кореја.

"Моменталната ситуација со Северна Кореја делува поопасно од било кога и ќе ви дадам три причини за тоа", тврди адмиралот Џејмс Ставридис, аналитичар на NBC и декан на Факултетот за право и дипломатија "Fletcher" при Универзитетот "Tufts" во Масачусетс.



"Прво, власта на Ким во сопствената држава не е најстабилна. Второ, Јужна Кореја по затворањето на претседателката е нестабилна. Трето, американската надворешна политика е поагресивна од било кога".

Аналитичарите предупредуваат дека воена акција против Северна Кореја би можела да биде катастрофална поради одмаздата која речиси сигурно би вклучила ракетирање на Јапонија и Јужна Кореја. "Ако Ким Јонг Ун има нуклеарно оружје и балистички ракети, тогаш може да прави што сака", рекол Јонг Хо. "Поради тоа сметам дека светот би требало да биде подготвен да се соочи со таква личност". 



Додал дека Ким Јонг Ун е подготвен да направи било што и дека севернокорејското прашање во целост може да се реши единствено со елиминација на Ким Јонг Ун од неговата позиција.

Јонг Хо тврди дека Ким Јонг Ун е опседнат со создавање на нуклеарно оружје откако видел што им се случило на Садам Хусеин и Моамер Гадафи. Аналитичарите сметат дека севернокорејскиот лидер развива нуклеарно оружје за да осигури дека Западот нема да се обиде да направи нешто слично во неговата држава.

"Доколку ги погледнете сите негови потези, ќе видите дека е способен да ги убие дури и членовите на своето семејство ако му застанат на пат", рекол Јонг Хо.

No comments

Powered by Blogger.