Таа е најубавата жена на светот – откриваме што јаде и како вежба

Пишува: Точка

Списанието People по петти пат ја прогласи Џулија Робертс за најубава жена на светот, а таа освен што изјави дека е поласкана, вели и дека најубавите години од животот се токму пред неа.

Робертс беше прогласена за најубава жена за прв пат во 1991. година, година дена по премиерата на романтичната комедија “Pretty Woman”.




Таа, подоцна беше повторно прогласена во 2000., 2005. и 2010. година. Актерката, во 2001. година освои Оскар за улогата во филмот “Erin Brockovich”.

Џулија е 14 години во брак со филмскиот снимател Дени Модер со кој имаат три деца. Минатогодишниот лауреат по избор на списанието беше ѕвездата на серијата “Friends” – Џенифер Анистон.

Во продолжение, погледнете со помош на какви вежби и каков начин на исхрана Робертс освојува вакви ласкави титули.




Фитнес рутината на Џулија Робертс

Тренерката Кети Кајелер е личноста која е задолжена за фитнес плановите на Робертс. Таа е тренер и на сестрите Кардашијан и на актерките Мег Рајан, Дру Баримор, Ким Бесинџер и Мишел Фајфер. Кети е позната и како одличен нутриционист.

Во продолжение, погледнете го планот за вежбање на Џулија Робертс од 2016. година.

Понеделник – Total Body

• 20 до 40 минути степ аеробик

• 40 минути целосни вежби за телото:

- клекнувања

- планк (до 1 минута)

- склекови

- стомачни

Џулија Робертс прави три серии по 15 повторувања, а за степ аеробикот има различни варијанти. “Секој тренинг се состои од 20 до 40 минути степ аеробик и 40 минути посветени на вежби за сила”, вели Кети.



Вторник – Пилатес

• 20 до 40 минути степ аеробик

• 40 минути пилатес:

- Double Leg Lifts

- Scissor Kicks

- Bent Leg Lifts

- Elevated Clams

- One Hundreds

- Criss Crosses

Пилатесот е основен тренинг на Џулија бидејќи помага во одржување на цврсто јадро, витки нозе и издолжени мускули. Кети ги советува своите клиенти да стават фокус на своето тело, односно како истото ќе им биде благодарно по тренингот, наместо да размислуваат на тоа дека не им се вежба.

Среда – вежби за јадро (Abs/Core)

• 20 до 40 минути степ аеробик

• 40 минути тренинг со сопствена тежина:

- Plank (до 1 минута, 3 повторувања)

- Lying Down Double Leg Lift (3 серии по 10 повторувања)

- T-Pose (до 30 секунди)

- Full Plank Leg Lift (една минута за секоја нога)

- Double Hip Lift (2 серии по 20 повторувања)




Диетата на Џулија Робертс

Џулија Робертс ги учи своите деца да јадат квалитетна храна за никогаш да не би морале да се казнуваат со строги диети. Таа никогаш не држи диети, а нејзиното начело за здрава исхрана е консумирање на свежо овошје во големи количини и избегнување на брза храна. Исто така, таа им советува на жените кои сакаат да имаат убава кожа да се држат понастрана од алкохолот и да пијат многу вода.

No comments

Powered by Blogger.