За неговиот подвиг зборува целиот свет: Со голи раце се борел со вооружен напаѓач во автобус

Пишува: Точка

Еден патник во Лондон станал херој откако се борел со мажот кој сакал да го убие во автобус во Лондон.

Целиот настан го снимил колега на патникот. Имено, човекот влегол во автобусот држејќи нешто што изгледа како голем кујнски нож.

Неименуваниот херој го видел вооружениот маж и со голи раце тргнал да го разоружи пред да успее да побегне.

Патникот се борел со напаѓачот, го притиснал покрај стаклото на вратата од автобусот и успеал да му го одземе оружјето.

„Јас сум Африканец, не можеш никогаш да ме убиеш“, му рекол на напаѓачот.


Откако напаѓачот останал без оружјето, побегнал од автобусот, а храбриот маж се здобил со исеченици на рацете.

Полицијата потврдила дека се случил инцидент и дека една личност е одведена во болница поради исеченици, но не ги објавила деталите.

Досега никој не е уапсен, а полицијата ги повикала сите кои имаат информации за нападот да се јават.

Овој напад се случил неколку дена откако една жена среде улица била тешко повредена со нож.

Полицијата никого не уапсила ниту за тој напад, а од Скотланд јард предупредуваат дека бројот на напади со нож во Британија се` повеќе расте.

No comments

Powered by Blogger.