Трамп со досега најсериозна закана кон Северна Кореја: Сите опции се на маса!

Пишува: Точка

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на јапонскиот премиер Шинзо Абе дека САД ќе ги зајакне своите воени капацитети за да одговори на севернокорејската закана и порачал дека „сите опции се на маса“.

Трамп му го порачал тоа на јапонскиот премиер за време на нивниот телефонски разговор, само еден ден подоцна откако Пјонгјанг лансираше уште еден балистички проектил и тоа го кажа во пресрет на средбата со својот кинески колега Си Јинпинг - главнит сојузник на Северна Кореја.

Како што се најавува, Северна Кореја ќе биде централната тема на денешната средба помеѓу Јинпинг и Трамп на Флорида. Инаку, Доналд Трамп во неколку наврати побара од Кинезите да сторат повеќе во врска со Северна Кореја.





Американскиот претседател јасно порачал дека Вашингтон е со своите сојузници Јужна Кореја и Јапонија, пред големата и сериозна закана која што доаѓа од Северна Кореја.

Доналд Трамп во телефонскиот разговор со Шинзо Абе повторил дека не е исклучена ниту една опција кога станува збор за Северна Кореја.





„Се сложивме дека вчерашното лансирање на севернокорејскиот моќен балистички проектил е опасна провокативна акција и претставува голема закана за националната безбедност на Јапонија“, изјави Абе пред новинарите после 35 минутниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.


„Јас му реков дека Јапонија будно го следи начинот на кој што Кина ќе одговори на севернокорејскиот проблем. Претседателот Трамп одговори со силни зборови, истакнувајќи дека сите опции се ставени на маса“, порача јапонскиот премиер.

No comments

Powered by Blogger.