Зошто двајца разведени родители секоја година се сликаат со синчето?

Викторија Болдвин и Адам Дајсон може да се разведени, но секоја година се сретнуваат за да направат семејна фотографија.
zoshto-dvajca-razvedeni-roditeli-sekoja-godina-se-slikaat-zaedno-so-sinceto-01.jpg
Оваа посебна традиција која ја делат со синот Брус стана вирална сензација посебно заради нивната приказна:
Првите две фотографии се направени додека јас и Адам сè уште бевме во брак. Следните две се направени една и две години откако се разведовме.
Не сме заљубени, не секогаш се согласуваме, не сме најдобри пријатели, понекогаш не се ни трпиме еден со друг. Но, знаете што сме? Ние сме засекогаш поврзани заради нашиот прекрасен, паметен, добар, смешен син.
Ние се ПОЧИТУВАМЕ. Секогаш паметиме дека никој од нас како родител нема поголема или поважна улога од другиот и на двајцата најважен ни е животот на нашиот син. И двајцата треба да бидеме тука за него, двајцата заслужуваме квалитетно време и квалитетни спомени со него.
Никој од нас не го обвинува другиот за насоката во која отиде нашата врска. Не се обвинуваме еден со друг, посебно не пред нашиот син.
Адам и јас не сме совршени родители заедно, но се договоривме кога ќе се разведеме, на прво место да го ставиме синот и да цениме што сè можеме да донесеме заедно во неговиот живот, па да, сè уште правиме семејни портрети и сè уште плаќаме многу за печатење на тие фотографии, да ги врамиме и да ги чуваме во собата на нашиот син.
Можеби нема да порасне со родители кои живеат во иста куќа... но, ќе порасне гледајќи почит, добрина, емпатија, сочувство, упорност, флексибилност, па дури и жртвување додека е воспитуван од неговите родители и ќе знае дека е возможно повеќе да не бидеш вљубен во некого, но никогаш да не се разделиш комплетно.



No comments

Powered by Blogger.