Ја фотографирала сопствената смрт: Оваа Американка обучувала војници, а потоа бликнала во пламен

Пишува: Точка

Американскиот војник Хилда Клејтон загинала во 2013 година за време на интервенција во Авганистан, а војската на САД минатата недела, четири години подоцна, објавила фотографии кои биле направени буквално секунда пред нејзината смрт.

Хилда Клејтон имала 22 години, а на терен ја документирала воената вежба на своите колеги во Карагахи, каде што ги обучувале припадниците на авганистанската војска.



Клејтон, од друга страна, обучувала фотограф од авганистанската војска како да ги фотографира судирите со талибанците во моментите на борба на првата линија од фронтот.



Додека фотографирале кадри од воената вежба, случајно експлодирала бомба и ги разнела нив двајца, но и уште тројца авганистански војници. Објавувањето на фотографиите го одобрило семејството на Хилда Клејтон, пренесува „Army Times”.


No comments

Powered by Blogger.