Од оваа куќа во предградието на Лондон тајно се финансираат ракетите од кои се плаши светот

Пишува: Точка

Севернокорејската нуклеарна програма веќе со години тајно се финансирала од една куќа во мирно предградие на британската престолнина.

Како што пишува Sunday Times, имотот во Блекхит во југоисточен Лондон го користел режимот на Ким Јонг Ун за тајно да го финансира развојот на својот нуклеарен арсенал.



Северна Кореја така подолго од една деценија пред носот на Скотланд Јард и британските безбедносни служби земала околу 33 милиони фунти годишни преку огранокот на една осигурителна компанија.

Имотот во Блекхит е регистриран како британски огранок на Корејската национална осигурителна корпорација - "KNIC", компанија која е контролирана од севернокорејскиот режим.



Европската унија ја ставила "KNIC" под санкции минатата година поради тоа што придонела за развојот нуклеарното оружје и другото оружје за масовно уништување.

Севернокорејската амбасада во Лондон ги отфрлила обвиненијата, нарекувајќи ги неосновани.



Како што пишува Mail on Sunday, оваа осигурителна компанија директно ја контролирале режимите на Ким Јонг Ил и потоа Ким Јонг Ун. Тие, наводно парите ги користеле за лични потреби.

Службеници од британската влада потврдиле дека компанијата е неодамна затворена.



Северна Кореја веќе со години е под санкции поради тестирање на нуклеарни бомби.

No comments

Powered by Blogger.