Демонстрација на сила: Северна Кореја му покажа на светот зошто треба да биде сфатена сериозно

Пишува: Точка

Северна Кореја прикажала, на прославата по повод 105-годишнината од роденденот на основачот на земјата, нов вид на ракета со долг дострел која се лансира од подморница.

Тоа е прв пат Северна Кореја да претстави таква ракета, која има дострел од 1.000 километри.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, на прославата на 105. роденден на својот дедо Ким Ил Сунг, носел темно одело, изгледал релаксирано и се смеел со соработниците, додека ја гледал големата парада по повод "Денот на сонцето" на главниот плоштад во Пјонгјанг.
View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter
Some shots of the monster canistered unknown-and-untested (as far as we know) ICBM  just revealed. 

Како што се наведува, во текот на парадата, војниците марширале, а можеле да се видат и тенкови, системи за лансирање на ракети и други видови на вооружување, додека авионите во 105 формација прелетале над главите на присутните.



Еден од поблиските соработници на севернокорејскиот лидер го повторил предупредувањето до САД, во текот на парадата на преполниот плоштад.



"Доколку САД продолжат со провокациите кон нас, нашата револуционерна сила веднаш ќе се спротивстави на напаѓачите", рекол тој.



За разлика од некои други паради, на оваа немало кинески службеници.



Кина е главен сојузник на Северна Кореја, но се изјаснила против севернокорејските ракетни и нуклеарни проби, и ги поддржала санкциите на оН против таа земја.

No comments

Powered by Blogger.