Американскиот професор кој ја предвиде победата на Трамп: Доаѓа неговиот крај...

Пишува: Toчка

Професорот по историја на Американскиот универзитет во Вашингтон, Ален Лихтман, точно го предвидел исходот на сите претседателски избори во САД од 1984-та до последните избори.

Тој ја предвиде победата на Доналд Трамп на неодамнешните претседателски избори, а сега во својата најнова книга предвидува дека Доналд ќе биде отповикан во Конгресот.

Во делото со наслов „Аргументи за отповикување“, Лихтман вели дека Републиканците потоа за шеф на Белата куќа ќе го изберат актуелниот потпретседател Мајк Пенс во кого што имаат најголема доверба.



Професорот смета дека Трамп им се заканува на институциите и на традицијата на Америка и додава дека е јасно зошто републиканскиот Конгрес би можел да го отфрли Трамп. Според него, до отповикување би можело да дојде поради контактите на Трамп со руските власти и поради можното злоупотреување на власта.

Тој во изјава за „Политико“ која што ја пренесува британски „Индепендент“ потсети дека државниот обвинител на САД, Џеф Сешнс неодамна изјави дека претседателот може да биде обвинет за прекршоци направени пред да стапи на претседателската должност.



Лихтман вели дека тоа би можело да вклучува кршење на човековите права од страна на Трамп, потенцијална повреда на ембаргото на Куба и потенцијални судири на интереси во врска со бизнисите на актуелниот прв човек на Белата куќа.

Во својата најнова книга, професорот Лихтман отворено го критикува претседателот Трамп, потсетувајќи на противењето на Трамп на Парискиот договор за климатски промени, а потсети исто така и на неговата неодамнешна забрана за миграција, пренесува британски „Индепендент“.Професорот по историја на Американскиот универзитет во Вашингтон, Ален Лихтман, точно го предвидел исходот на сите претседателски избори во САД од 1984-та до последните избори.

Тој ја предвиде победата на Доналд Трамп на неодамнешните претседателски избори, а сега во својата најнова книга предвидува дека Доналд ќе биде отповикан во Конгресот.

Во делото со наслов „Аргументи за отповикување“, Лихтман вели дека Републиканците потоа за шеф на Белата куќа ќе го изберат актуелниот потпретседател Мајк Пенс во кого што имаат најголема доверба.



Професорот смета дека Трамп им се заканува на институциите и на традицијата на Америка и додава дека е јасно зошто републиканскиот Конгрес би можел да го отфрли Трамп. Според него, до отповикување би можело да дојде поради контактите на Трамп со руските власти и поради можното злоупотреување на власта.

Тој во изјава за „Политико“ која што ја пренесува британски „Индепендент“ потсети дека државниот обвинител на САД, Џеф Сешнс неодамна изјави дека претседателот може да биде обвинет за прекршоци направени пред да стапи на претседателската должност.



Лихтман вели дека тоа би можело да вклучува кршење на човековите права од страна на Трамп, потенцијална повреда на ембаргото на Куба и потенцијални судири на интереси во врска со бизнисите на актуелниот прв човек на Белата куќа.

Во својата најнова книга, професорот Лихтман отворено го критикува претседателот Трамп, потсетувајќи на противењето на Трамп на Парискиот договор за климатски промени, а потсети исто така и на неговата неодамнешна забрана за миграција, пренесува британски „Индепендент“.

No comments

Powered by Blogger.