Руската одмазда за американскиот напад врз Сирија: Жестоки воздушни напади врз бунтовничкиот град

Пишува: Точка

Русите наводно го бомбардираа градот Саркаб во руралниот дел на Идлиб

Минатиот петок од американскиот воен брод во Средоземното Море биле истрелани околу 59 ракети врз воениот аеродром во Сирија. Ова беше нивниот одговор на најновиот хемиски напад кои сириските сили го изведоа во провинцијата Идлиб во вторникот.

Целиот свет беше шокиран од овој тек на настаните, некои го поддржаа САД, други остро ја осудија оваа постапка. Во втората група спаѓа и Русија која истакна дека ќе одговори на овие напади.

"Тоа што го направи САД во Сирија ја поминува црвената линија. Од сега ќе одговориме со сила на било кој напаѓач и на билокои понатамоѓни напади. САД ја знаат нашата способност за брза и силна реакција", се вели во соопштението на Командниот центар.

Своето ветување го исполниле доколку судиме според снимката која кружи на интернет. Тие го бомбардирале градот Саркаб во руралниот дел на Идлиб.

Исто така постојат сомнежи дека во оваа прилика користеле фосфор кој е забранет според меѓународното право. Погледнете го видеото:

No comments

Powered by Blogger.