Млад, успешен и богат: Ја завел најдобрата светска тенисерка во романтичниот Рим

Пишува: Toчка

Романтичниот Алексис ја одвел Серена во Рим во истиот ресторан и на истата маса на која седеле кога се запознале, а потоа го извадил вереничниот прстен.

Се чини дека после многу бурни и несреќни врски, Серена Вилијамс (35) конечно ја пронашла својата сродна душа. Тоа се случило минатата есен кога тенисерката и Алексис Оханијан (33) случајно се сретнале во еден ресторан во Рим.



„Кажав ’да’“, напиша Серена Вилијамс на почетокот од годината на социјалните мрежи. Неколку дена подоцна, тенисерката се пофали со фотографија на која е во прегратка на вереникот додека на левата рака и` блеска големиот веренички прстен.

Младиот и успешен бизнисмен не чекал долго време за да ја запроси тенисерката. Веднаш после Нова година ја одвел во Рим. Откако слетале во вечниот град, томантичниот Алексис ја одвел Серена во Рим во истиот ресторан и на истата маса на која седеле кога се запознале, а потоа го извадил вереничниот прстен.



Неколку месеци подоцна, успешната тенисерка ја израдува јавноста со уште една убава вест. Имено, Серена на социјалните мрежи објави дека го чека своето прво дете и дека е бремена 20 недели.

No comments

Powered by Blogger.