Доналд Трамп ѝ објави трговска војна на Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп започна општа офанзива против Канада, главниот економски партнер на САД и и објави трговска војна со наметнувањето на данок на градежното дрво и со заканата дека ќе го воведе и за млечните производи.



Откако воведе данок на увоз на канадско градежно дрво, американскиот претседател на Твитер напиша „Канада многу ги отежна активностите на нашите производители на млеко од Висконсин и другите погранични држави. Тоа повеќе нема да го толерираме. Ќе видите“.

Со ударот по градежното дрво, Трамп го отвора стариот предмет што ги дели соседите веќе 35 години.

Американските производители ги обвинуваат канадските колеги дека извезуваат градежно дрво по дампинг цени, благодарение на субвенциите што ги добиваат.

Трговската војна можеби ќе им оди во прилог на американските производители на дрво, но би можела да го погоди градежниот сектор, оценуваат некои стручњаци, при тоа додавајќи дека изградбата на куќите би можела да поскапе 12 отсто.

No comments

Powered by Blogger.