Во масовните демонстрации против Вучиќ се вклучува и војската и полицијата: На демонстрациите против "диктатурата" ќе се приклучат денес

Пишува: Tочка

Демонстрациите на студентите и младите "Против диктатурата", кои биле одржани во петокот навечер во сите поголеми градови во Србија, ги поддржале и синдикатите на полицијата и војската на Србија и најавиле дека денес ќе им се приклучат.

Поради лошата положба и стандардите на вработените, синдикатите на војската и полицијата веќе и претходно се организирале поради победата на Александар Вучиќ во нерегуларни услови на претседателските избори, и најавиле дека ќе им се приклучат во сабота на 8. април.



Откако синдикатот на полицијата објавил соопштение со порака дека "треба да се послушаат децата", и војската објавила дека во сабота напладне заедно со нив и студентите ќе излезе на улица и ќе го изрази незадоволството за состојбата на земјата и начинот на кој се третирани, објавиле белградските портали. 




На петтиот по ред протест студентите во Белград носеле транспаренти со натписи "Народот гладува, елитата се радува", "Нема да бидеме работници на црно", "Кој лаже тој е Вучиќ", "Политиката не е професија" и "Никој не смее да биде гладен и без дом".



Покрај вообичаените, демонстрантите во Нови Сад носеле и транспаренти со натписите "Србија не може да се смири", "Србија не е наследство на Вучиќ", "Додека владеат аматери, страдаат пролетери", "Нема да бидам евтина работна сила" и други.

Студентот Миран Погочар ги повикал сите да се приклучат кон денешните протести.



Студентите, инаку, бараат смена на членовите на Републичкото изборно доверителство, Регулаторното тело за електронски медиуми, уредништвото на државната телевизија, средување на гласачките листи и смена на претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ, поради суспензија на работата на парламентот.

No comments

Powered by Blogger.