Пожарникар фати бебе фрлено од зграда во пламен (Видео)

Пожарникарот Роберт Сатон бил еден од првите од единицата кои пристигнале на повикот за пожар во зграда во Џорџија, САД.



Не знаел дека со овој повик ќе стане светски познат херој откако успеал да фати бебе фрлено од вториот кат на запалената зграда.

Тој изјавил дека од далеку видел дека има чад и пламен, но не знаеле дали во зградата има луѓе на кои ќе им треба помош.

На еден од прозорците видел човек како очајнички се обидува да го спаси детето од пожарот што го зафатил неговиот стан.

„Му реков да го фрли детето и дека ќе го фатам. Тој го фрли детето и јас сум многу благословен што успеав да го фатам“, изјави пожарникарот Сатон.

Капетанот на противпожарната единица рече дека се надева оти храбриот потег на Сатон ќе помогне во преземање поголема иницијатива при спасување луѓе и дека луѓето ќе сфатат дека пожарникарите навистина имаат многу тешка работа.

No comments

Powered by Blogger.