Два пати бил во Северна Кореја и се` уште не му се верува што видел таму: „Тоа не го очекував“

Кога добил дозвола за влез во Северна Кореја Арам Пан од Сингапур се подготвил за сцени на очај тага и сиромаштија, какви што најчесто гледал во документарните филмови за таа земја. Но, она што го доживеал во најзатворената земја на денешницата било сосема поразлично.
Неговите фотографии покажуваат дека во Северна Кореја постојат трговски центри, а жените и мажите се забавуваат исто како и луѓето на запад. Иако очекувал сува земја, го пречекале бројни посеви подготвени за жетва.
За разлика од другите фотографи кои ги криеле своите фотографии, Арам не морал да го прави тоа бидејќи побарал и добил дозвола од владата за да ги сними и да ги објави фотографиите.
„Со години ме интересираше Северна Кореја. Просечна личност веројатно видела повеќе фотографии од вселената отколку од оваа земја. Таа е вистинска мистерија и затоа сакав да откријам каква е да и да дознаам повеќе за неа“, рекол тој за “Mail Online”.
Патувањето почнал да го планира во 2012 година, кога побарал дозвола да ја посети оваа земја како дел од неговиот фотографски проект.

„Тоа беше непланирана одлука. Не сакав да правам ништо тајно, бидејќи не сакав да влегувам во неволји“, раскажал тој.
Фотографот додал дека испратил неколку мејлови и факсови на контактите кои ги нашол на интернет. Еден ден му одговориле и ги запознал претставниците на корејските власти.

„Беше многу полесно отколку што мислев“, тврди тој.
Арам инаку е комерцијален фотограф кој специјализирал за панорамски фотки, а досега два пати бил во Северна Кореја. Третото патување во таа земја го планира за оваа есен.
„На првото патување требаше да одам во 2012 година, но се разболев и отидов следната година. Се јавив во локалната туристичка агенција која е специјализирана за тури по Северна Кореја, а нејзиниот сопственик беше воодушевен и ми го плати патот. После тоа ми пристапи компанијата DPR Korea Turism од Малезија и ми го плати второто патување. Веќе преговарам со неколку агенции во Малезија и Сингапур кои се заинтересирани да ми го спонзорираат третотот патување“, рекол тој.
Фотографот признал дека постоеле многу работи кои го зачудиле кога отишол во Северна Кореја вториот пат, иако веќе ја видел таа земја.
„Работите кои ги фотографирав покажуваат дека ситуацијата не е толку лоша како што мислев. Луѓето ги живеат своите животи и се` изгледа неверојатно нормално. Некои мои пријатели тврдат дека фотографиите се лажни и дека сум фотографирал џиновска сцена. Но, колку повеќе размислувам за тоа, толку поневеројатно ми изгледа дека некој би правел таква сцена. Зошто некој би садел милји житни култури или би ги оркестрирал луѓето да живеат нормално само за јас да ги фотографирам?“, заклучил тој.

No comments

Powered by Blogger.