Приватни авиони, трки со коњи и подводен риболов: Престолонаследникот на Дубаи живее живот како од бајка

Пишува: Toчка

Престолонаследникот на Дубаи, Хамдан бин Мухамед бин Рашид ал Мактум (34) е сосема сигурно крал на Инстаграм, каде што има 5.1 милион следбеници. На Твитер го следат 3.41 милион луѓе, а сите тие секојдневно гледаат фотографии кои пружаат увид во животот на милијардерот.

Тој е вториот син на шеикот Мухамед бин Ашад ал Мактум, потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати и емри на Дубаи, чие богатство во 2013 година е проценето на 13 милијарди евра.



Неговиот татко во 2008 година го одредил за престолонаследник, иако има постар брат.

Хамдан е претседател на Извршниот совет на Дубаи, Центарот за аутизам во Дубаи и Спортскиот совет во Дубаи. Меѓутоа, кога ги гледате фотографиите кои ги објавува на Инстаграм, ви се чини дека по цел ден се занимава само со своите хобија.



Колку поекстремно, толку подобро: скокање со падобран, јавање, возење велосипед, спуштање по сајла, нуркање и скијање на штица се само некои од активностите со кои се занимава во слободно време. На „Купот на издржливост“(Endurance Cup) го освоил второто место.



И тоа не е се`: тој е талентиран фотограф, поет (пишува за љубовта, мудроста и патриотизмот) и е страствен љубител на патувања.



На фотографиите можеме да го видиме на Исланд, во Танзанија, на необична тераса во Канада, како се качува на глечер... Претежно патува со луксузни авиони, но сосема пријатно се чувствува и во јавен превоз.



Тој вели дека семејството му е на прво место – има 22 браќа и сестри и постојано е опкружен со нивните деца, но многу време поминува и во друштво на животни: коњи, соколи, лавови, камили.

No comments

Powered by Blogger.