Скриени детали во филмовите и сериите кои се прилично очигледни, а сите сме ги пропуштиле

Пишува: Точка

Седмата уметност често е полна со скриени детали и пораки, а режисерите често вметнуваат и референци на други свои филмови, книги или општо феномени од популарната култура. Многумина би се изненадиле колку се очигледни некои од нив, а сите сме ги пропуштиле. Од друга страна, некои веројатно никогаш не би ги забележале, како на пример оваа првата.

Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег



R2-D2 и C-3PO, дроиди од оригиналниот „Star Wars“, можат да се видат како египетски хиероглифи на ѕидот во древниот храм.

Breaking Bad



На почетокот од серијата, кога Волт и Џес за прв пат прават мет, Волт ги соблекува пантолоните, а во една од последните епизоди кога се враќа во пустината, пантолоните се` уште се таму. Еве ги во долниот лев агол.

Брзи и бесни 5



Хан Сеул – Ох е очигледна референца на ликот од франшизата за „Star Wars“.

Futurama



Постои сцена во „Futurama” во која е „сокриена“ и главата на Ерик Картмен, лик од „South Park”.

Пеколен портокал



Референца на Стенли Кјубрик на сопствениот филм „2001: Одисеја во вселената“.

Матрикс 2



Повеќето регистарски таблички во Матрикс се референца на библиски стихови, вклучувајќи го и автомобилот на Тринити и Морфеус чии таблички "DA 203" се однесуваат на стихови од библиската книга на израелскиот писател Даниел: „Имав сон кој ме прогонува, но не знам што значи“.

Star Trek



R2-D2 се појавува и во Star Trek.

Симпсонови



Во светот на Симпсонови сите ликови имаат по четири прсти, освен Бог и Исус кои имаат пет.

Трон (1982)



Филмот „Трон“ од 1982 година го издал Дизни, а тоа е веројатно и причината зошто во позадината се гледа Мики Маус.

Fight Club



Едвард Нортон пие кафе од Старбакс што, секако, не е случајно, а би требало да им биде јасно зошто на сите кои го гледале филмот.

No comments

Powered by Blogger.