По оваа мајка се врти целиот свет

Пишува: Точка
Суперфит мајката на пет деца вели дека се' е прашање на добра организација и внимателно планирање и објаснува дека таа е "само мајка како и секоја друга"... хм

Симон Гејтли (35) од Халифакс, Велика Британија, има пет дечиња, совршена фигура, рамен стомак и, се разбира, Инстаграм профил на кој ја следат повеќе од 40 илјади луѓе.

Некои од нив ја обвинуваат дека лаже дека родила пет деца за шест години бидејќи не им се верува како таа може да изгледа онака како што изгледа.

Симон вели дека изгледот го должи на совршената организација и фактот дека нема никаква "помош" од страна. За Самер (10), Честер (8), Блосом (7), Индија (6) и Мини (3) се грижат Симон и нејзиниот сопруг, но оваа фит мајка, покрај домашните обврски успева секој ден да тренира две сесии.

Симон работи како личен тренер, така што ова до некаде и' ја олеснува ситуацијата, но не е чудно што нејзината извајана фигура предизвикува скептицизам.

Жената која од 2006-та до 2012-та тврди дека родила пет деца, сега на социјалните мрежи се соочува со "ужасни обвинувања" кои доаѓаат од "завидливи мајки", кои се сомневаат дека таа и сопругот ги добиле децата со помош на сурогат мајки. Други пак, кои не отишле толку далеку со обвинувањата, велат дека Симон сигурно платила "липосукција и затегнување на стомакот"...

Симон сака еднаш засекогаш да им стави крај на злите јазици, и за Daily Mail раскажала како ја одржува линијата, тврдејќи дека нејзиниот изглед е само резултат од напорна работа и одржување. Таа после секое породување ги отстранувала вишокот килограми за 10 или 12 недели, едноставно "здравејќи се здраво и правилно и со вежбање"..

"Жените не треба да се чувствуваат под притисок веднаш по пораѓање да се вратат во форма, бидејќи на секоја мајка и' треба време да се навикне на новите обврски и големите промени кои ги носи мајчинството", вели таа.

"Јас сум како и секоја друга, "нормална", вработена мајка која "жонглира" помеѓу домашните обврски и работата, а моите деца имаат повеќе од 30 активности неделно за кои јас сум задолжена без помош од страна", објаснува Симон. "Мојот ден започнува во 6 часот наутро, кога одам на трчање или на прошетка, а потоа ги носам децата на училиште, одам да пазарувам, потоа им помагам околу домашните задачи, организиран воннаставни активности, но успевам да "пикнам" и еден тренинг во мојот дневен распоред."

Оваа суперфит мајка вели дека ужива во тоа што и нејзините деца се вклучени во нејзиниот тренинг и дека таа ги учи што повеќе да пешачат, така што најчесто каде и да треба да стигнат - стигнуваат пеш.

"Доколку добро се организирате и ги испланирате сите активности, секоја мајка може да одвои малку време за себе, за своето тело, односно за вежбање", порачува Симон, додавајќи дека и оброците ги планира однапред бидејќи и здравата храна е исто толку важна колку и тренингот.



No comments

Powered by Blogger.