Долго патела по него: Швајни ја оставил поради Ана, а еве што прави таа денес

Пишува: Точка

Сара Брандер е германска манекенка со која Бастијан бил седум години. Тогаш ја запознал Ана, и Сара станала поранешна.

Германците долго на својот миленик, кој за време на врската со Сара бил капитен на репрезентацијата на оваа земја и освојувач на светското првенство, не му го простиле таквото "предавство". Сара и Бастијан биле идеален пар, следен од бука каде и да се појави.

Бидејќи ја растурила врската на Бастијан и Сара, Ана долго била на тапет на германските медиуми, а се стекнува и впечаток дека уште не и простиле.

Во секој случај, Сара не можела, што би се кажало, долго да се "собере" по раскинувањето со фудбалерот. Долго време патела, а потоа ги избришала сите фотографии од Инстаграм со него и продолжила понатаму.

Ужива во соло статус, па Денот на заљубените го минала со пријателите. Моментално е зафатена со детето на својата сестра и се бори за правата на жените.

Најмногу време минува со своето куче, за кое вели дека е "љубовта на нејзиниот живот", нешто што многумина можат да го разберат.


No comments

Powered by Blogger.