Цариниците занемеле: На кутијата пишувало "Два пара чевли", а кога погледнале внатре имале што да видат!

Пишува: Точка

Цариниците на одделението за меѓународна пошта во Мелбурн биле шокирани кога провериле една наизглед безопасна пратка - кутија на која пишувало "Два пара чевли".

На цариниците животот им го спасила процедурата, која предвидува таквите пратки прво да се прегледаат на рендген.



Во кутијата имало "забава" на отровници: шест отровни змии, кои живеат во југоисточна Азија, девет големи тарантули со потекло од Мексико, Бразил и Колумбија, Четири шкорпиони од азиските шуми и три кралски питони.



Сите овие животни носат паразити, вируси и бактерии кои би можеле да предизвикаат помор меѓу луѓе, животни, но и билки, вели заменичката министер за биобезбедност ЛиН Оконел.



Затоа сите животни во кутијата биле уништени.

No comments

Powered by Blogger.