Ново ниво на пропаганда: Северна Кореја на воената парада се пофали со „дрвени ракети"

Пишува: Точка

Странските новинари кои што присуствувале на воената парада во Пјонгјанг ја доведоа во прашање автентичноста на прикажаното оружје.

Репортер на американски „ЕјБиСи“ објави фотографија на Твитер со „сомнително подигнат нос“ која што била направена на воената парада во чест на 105-годишнината на раѓањето на основачот на Северна Кореја, Ким Ил Сунг.

„Сосема е возможно фотографираната боева глава да биде направена од дрво или од обоен картон“, напиша новинарот.

Ракетата која што е со сомнително закривување на врвот е ракета од советскиот одбранбен систем со ракети со долг дострел „С-200“ кој што има стапено во служба во далечната 1967-ма годин. Во Русија тој систем веќе е заменет со модерните „С-300“ и „С-400“ ракетни системи.

Сепак, експертите кои што се сложуваат со тоа дека ракетата има неправилен облик, истовремено тврдат дека не треба да се потценува Пјонгјанг, затоа што голема е веројатноста севернокорејските власти на тој начин не сакаат да ризикуваат покажувајќи ги вистинските ракети и нуклеарните боеви глави.

Рускиот експерт за севернокорејското вооружување, Владимир Хрустајлов вели дека точниот број на нуклеарни боеви глави кои што ги поседува Пјонгјанг не е познат, но се претпоставува дека Северна Кореја располага со од 20 до 50 боеви глави со сила еквивалентна на атомските бомби кои што беа фрлени на Хирошима и Нагасаки.



Тој додава дека растојанието до најблиската американска воена база Гвам изнесува 3,400 километри, а тоа значи дека за година до две, Пјонгјанг ќе развие таква ракета која што ќе може да стине до таму, доколку во меѓувреме ако не дојде до некаква „критична ситуација“.

„На парадата пред неколку дена, Северна Кореја претстави нови ракети кои што се разликуваа од претходните. Засега карактеристиките не се познати, но сметам дека тие изгледаат многу убедливо и дека се во тек финалните тестирања. Таа ракета би можела да ја погоди американскатабаза на островот Гвам“, изјави Хрустајлов.

Инаку, во меѓувреме од Северна Кореја порачуваат дека ќе биде одговорено на секаков вид на агресија. Амбасадорот на таа земја во Русија, Зин Џенг Хеп, предупредува дека Пјонгјанг е подготвен за „сеопфатна“ војна и дека ќе одговори на секоја провокација.

„Ако сакаат нуклеарна војна, можеме да одговориме со нуклеарна војна. Ако сакаат сеопфатна војна, ние сме подготвени и за тоа. Нашата војска и нашите луѓе имаат волја, подготвеност и сила“, порача Хеп, пренесува руски „Спутник“.

No comments

Powered by Blogger.