Ултиматумот на Бред кон Анџелина е причината за крајот на нивниот брак? „Или тој или јас”

Пишува: Точка

Иан Халперин одлучил во својот документарен филм да открие што навистина се случувало во бракот на Бред Пит и Анџелина Џоли. Тој сега тврди дека има докази дека за крајот на бракот на славните холивудски актери е виновен еден маж.

Разводот за кој најмногу се пишуваше во изминатите неколку месеци е оној на Анџелина Џоли (41) и Бред Пит (53). Според пишувањето на американските медиуми, првата „осомничена“ за неславниот крај на оваа љубовна приказна била филмската партнерка на Бред, Марион Котијар (41)... Сепак, сега почнало да се шпекулира дека виновникот за крајот на нивниот брак е некој друг.



Имено, режисерот Иан Халперин одлучил во својот документарец да открие што навистина се случувало во бракот на Бред Пит и Анџелина Џоли. Тој сега тврди дека има докази дека за крајот на бракот на славните холивудски актери е виновен еден маж – братот на Анџелина, Џејмс Хејвен (43).

„Џејмс бил толку близок со нив, што живеел во нивната семејна куќа... Тоа го излудувало Бред. Тој ѝ дал ултиматум на Анџелина: или тој или јас“, рекол режисерот за Radar Online.



Ако можеме да ѝ веруваме на неговата приказна, односот помеѓу Анџелина и нејзиниот брат е поцврст од било кога, со оглед на тоа што токму нему му ја доверила грижата за нејзините деца откако побарала развод.

Дека врската помеѓу славната актерка и нејзиниот две години постар брат е необична, потврдила и нивната роднина која открила дека Анџелина секаде го водела со себе и велела дека ѝ носи среќа. Исто така, многумина и ден денес го паметат бизарниот момент на доделувањето на Оскарите во 2000 година кога актерката се појавила на истото во друштво на нејзиниот брат кого го бакнала во уста на црвениот тепих.

No comments

Powered by Blogger.