Водителка за време на дневните вести сфатила дека нејзиниот сопруг починал, нејзината реакција го обиколи цел свет

Пишува: Точка

Индиската ТВ презентерка, Суприт Каур, доживеала ужасна трагедија, и тоа пред камерите.

Читајќи ги деталите за тешката сообраќајна несреќа, меѓу кои биле и местото на несреќата, марката на автомобилот и бројот на загинатите, сфатила дека меѓу нив е и нејзиниот сопруг.

Нејзината реакција го обиколи светот бидејќи Суприт првите 10 минути по ова продолжила да си ја работи работата, се додека не ја прочитала и последната вест.

"Тоа зборува колкаво е нејзиното чувство за одговорност и професионалност", изјавил уредникот.

Како што пишуваат странските медиуми, целиот тим на новинари за време на читањето на вестите знаеле дека во автомобилот во кој удрил камион се наоѓал нејзиниот сопруг.


"Штетата врз автомобилот е огромна, три лица загинале", пренесувал полицаецот од местото на несреќата, кој се јавил во програмата.

Штом се исклучиле камерите, Суприт се расплакала, а подоцна го информирала семејството за смртта на свјот сопруг.

No comments

Powered by Blogger.