Путин објави што поседува и колку пари заработува...

Претседателот на Русија, Владимир Путин заработил 8,85 милиони рубљи, односно 157,690 долари минатата година, што е за 33 илјади рубљи помалку во однос на 2015-та година.

Месечните приходи на првиот човек на Руската Федерација минатата година изнесувале 738 илјади рубљи, што е помалку во однос на 741 илјади рубљи колку што ги заработувал во текот на 2015-та година, пренесуваат руските медиуми откако овие информации биле соопштени од прес службата на Кремљ.

Рускиот претседател исто така пријавил дека е сопственик на 1,500 квадратни метри земјиште, стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 квадрати.

Владимир Путин исто така поседувал и стан со површина од 153,7 квадратни метри, а како што пренесуваат руските медиуми, сиот имот кој што бил пријавен од рускиот претседател се наоѓал на територијата на Русија.



Што се однесува до автомобилите - рускиот претседател е скромен, односно поседува два автомобили од типот „Волга“ како и автомобил „Лада Нива“ и приколка „Скиф“.

Само за споредба, рускиот претседател во 2013-та година заработил повеќе од 3,6 милиони рубљи (околу 100 илјади долари во тоа време), во 2014-та година заработил 7,6 милиони рубљи, а во 2015-та година заработил 8,9 милиони рубљи.

No comments

Powered by Blogger.