Спасовски: Насилниците имаа пиштоли и ножеви!

ПИШУВА: ФОКУС

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во интервју за емисијата „360 степени“ изјави дека дел од луѓето со фантомки кои влегоа во Собранието биле вооружени.

„На еден му испадна пиштолот, имаа и ножеви“- рече Спасовски.

Тој кажа дека било мавано по пратениците и новинарите со се што имаше во прес салата, од држачи за камери, до ногарки од маси.

„Јас бев удрен со метална шипка неколку пати, со постамент за знаме и со столица“- додава Спасовски.

Тој откри дека неговиот живот бил спасен поради личното обезбедување кое го следува поради тоа што беше министер за внатрешни работи.

„Пратеникот Владимир Ѓорчев се појави во салата и целото време беше со нас. Реално беше тоа загрозувачки за живот, тоа беше смислено сценарио со сериозна умисла да дојде до линчување. Тие беа пуштени намерно да влезат, се гледа на снимките полицајци како се поздравуваат со нив, сето тоа требаше да резултира со линч“ – изјави Спасовски.

Спасовски ги отфрли правдањата на Митко Чавков како небулозни, дека СДСМ не најавиле дека ќе бираат нов претседател на Собранието.

Тој кажа дека раководството на партијата кое беше заробено во Собранието забранило членството на СДСМ да тргне кон Собранието и да се справи со хулиганите. Било подготвено и членството на ДУИ.

No comments

Powered by Blogger.