Ова е убиецот од Санкт Петербург? Камерите го снимиле терористот кој поставил експлозив во метрото

Пишува: Точка

Организаторот на експлозијата во Санкт Петербург е снимен на безбедносните камери, тврдат руските новински агенции, повикувајќи се на неименувани извори.

„Наводниот организатор на експлозијата е снимен на безбедносните камери во метрото“, тврдат изворите, пишува „Daily Mail”.



Според прелиминарните податоци, експлозивната направа била инсталирана во едно од купеата.



За потсетување, експлозијата која ја потресе Русија се случила околу 3 часот попладне по локално време во Санкт Петербург, убивајќи десетина луѓе, а биле повредени повеќе од 50 патници. Во меѓувреме била пронајдена бомба на една станица од метрото, но таа била деактивирана.




Некои медиуми објавија наводна снимка од терористот на кој се гледа дека е облечен во црно и има брада.

Една патничка од метрото која се претставила како Таја, го опишала сомнителниот маж.



„Не личеше на Словен, имаше темна јакна. Влезе во вагонот и сите не` гледаше со презир. Ми олесни кога излегов од вагонот. Само што поминав околу десет чекори, се слушна експлозијата“, раскажала таа за порталот Life.news.

No comments

Powered by Blogger.