Го уништил семејството: Таткото на славната пејачка целото богатство го дал во контроверзниот култ

Пишува: Точка

Таткото на познатата пејачка Џенифер Лопез, открил мрачна тајна.

Дејвид Лопез, татко на славната пејачка Џенифер Лопез, 30 години е член на скиентолошката црква, која сега го довела до финансиски крах. Дејвид Лопез открил како скиентологијата го уништила неговото семејство, пишува Radar Online.



Дејвид Лопез бил верен член на таа религија со години и на црквата ѝ давал стотина илјади долари поради што сега е на работ на банкрот.



"Кога прв пат влегов во светот на Скиентологијата сето тоа ме плашеше. По некое време стравот исчезна и мислев дека ќе ја добијам потребната моќ. Не бев загрижен ни за работата ни за угледот", признал Дејвид.



Иако знае дека и самиот паднал во замката на скиентолошките лидери, кои своите приврзаници ги поттикнуваат на донирање на пари, 72-годишниот Дејвид уште не е подготвен да се откаже од нивните верувања.



Но, тврди дека не бил на нивните собири пет години. И натаму е нивен член, само не е активен. Таткото на славната пејачка и холивудска актерка, тврди дека денес поради контроверзниот култ одвај преживува. Домот вреден милион долари во Пасадена во Калифорнија го заменил со скромен дом во предградието на градот Азус.

No comments

Powered by Blogger.