Тајни кои хотелите нема да ви ги откријат

Пишува: Toчка

Кога планирате да престојувате во некој хотел, треба да земете многу работи во предвид. Но, како да знаете дали добро сте процениле, особено кога се има предвид дека хотелите никогаш не откриваат сè?

Ова се некои од тајните кои хотелите ширум светот строго ги чуваат.

Наутро цената на собата е повисока

Хотелската соба секогаш резервирајте ја после 18 часот, бидејќи тогаш ќе добиете најповолна цена.

Вашата соба не е чиста како што изгледа

Според истражувањата, просечна хотелска соба е повалкана од било која просторија во домот и во училиштето, па дури и од авионската кабина. Собарките прават брз преглед и ретко ги дезинфицираат предметите, како што се телефонот и прекинувачите.



Може да има скриени трошоци

Некои хотели имаат навика да ви наплаќаат скриени трошоци. Дополнителни пари за користење на сеф, ноќна такса, вода и грицки... Меѓу притаените трошоци може да има и данок за одржување на земјиштето или интернетот.

Познати личности

Можеби некоја позната личност отседнала во вашиот хотел, но вие никогаш нема да дознаете за тоа, барем не во периодот на нивниот престој таму. Тие сакаат да ги избегнат фановите и папараците, па поради тоа имаат договор со управата на хотелот да не се открива нивната локација.

Измијте ги рацете по употребата на далечинскиот управувач

Верувале или не, далечинскиот управувач е највалканиот предмет во хотелската соба. На него може да има повеќе бактерии отколку на даската на wc школката.



Внимавајте на провали

Без разлика дали сте во собата или надвор од неа, секогаш оставете знак „не вознемирувај“ на вратата. Поголема е шансата некој да ви провали во собата ако е празна, затоа оставете впечаток дека некој има внатре.

Можете да побарате споредување на цените

Ако најдете подобра понуда на некое друго место, можете да ги прашате да ви ја споредат цената. Многу хотели ќе ви дадат поповолна цена за да не појдете кај конкуренцијата.

No comments

Powered by Blogger.