Германија и натаму е во шок: Блиндираните прозорци на автобусот на Борусија спречиле голема трагедија

Пишува: Точка
Во германскиот град Дортмунд, синоќа во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Борусија и Монако, експлозивна направа експлодираше во близина на клубскиот автобус на германскиот тим.
Експлозијата се случила во близина на автобусот со кој што фудбалерите на Борусија Дортмунд требало да бидат пренесени на стадионот „Сигнал Идуна Парк“. Според последните информации, германската полиција потврдила дека се слушнале вкупно три експлозии во радиус од 10 километри.

Една од нив, која што била сокриена во грмушки, експлодирала и причинила материјална штета на клубскиот автобус на Борусија во кој што биле фудбалерите. Еден фудбалер е повреден - станува збор за Шпанецот Марк Бартра кој добил исекотини на раката и доцна синоќа бил опериран.





Поради експлозијата, за која што не е исклучена можноста да станува збор за терористички напад, натпреварот веднаш беше одложен и ќе се игра денес, а во близина на стадионот пристигнале речиси сите специјални единици од германскиот регион Вестфалија.

Германските медиуми пренесуваат дека автобусот имал блиндирани прозорци и токму поради тоа била избегната многу поголема трагедија која што можела да резултира со човечки жртви. Од јачината на експлозијата, автобусот бил оштетен на неколку места, но како што потврдија од Борусија, останатите фубалери и членови на клубот не биле повредени.





„Според досегашните сознанија, експлозијата се случила во близина на тркалата на автобусот, при што едно лице е повредено“, беше првичната информација на германската полиција во врска со инцидентот.












No comments

Powered by Blogger.