Според хороскопот: Кои карактеристики им се најпривлечни на мажите?

Според астрологијата можете да откриете многу работи за една личност.



Секого го привлекуваат различни доблести, како насмевката, духот, интелегенцијата...

Пронајдете го хороскопскиот знак на вашата партнерка и дознајте што точно ве првилекло кон неа:
Овен

Нејзиниот креативен ум и ведриот карактер постојано ве засмеваат. Таа е екстроверт, транспарентна душа која нема да успеете да ја натажите. Има аура на дете, кое е неспособно да лаже, глуми или да се преправа во нешто што не е. Нејзиниот добар хумор ве засмева цел ден и ви го исполнува денот. Со неа никогаш не е досадно, а доколку сте со неа, бидете сигурни дека и вие ја правите среќна. Третирајте ја како најдобар пријател и ќе добиете некој кој ќе биде тука за вас во секое време, со неизмерна поддршка.

Бик

Таа можеби е тврдоглава, но, тоа е нејзината силна страна. Ако успеете да се здобиете со нејзината доверба, ќе ја запознаете нејзината нежна душа. Таа знае да ве разбере и утеши. Секогаш расположена да помогне, таа е полна со ентузијазам и детерминирано си ги исполнува своите цели. Оваа девојка е креативна и доколку ѝ покажете дека ја заслужувате вие ќе бидете нејзината инспирација. Очекувајте од неа да покаже строгост и да наредува, но, сето тоа произлегува од нејзината грижа кон вас.

Близнаци

Покрај нивните чести промени во расположението, имаат богати карактер и личност. Близнаците често се двоумат и знаат да одат од крајност во крајност но, нивната мила страна е некаде на средина. Таа може лесно да ве разбере и да се адаптира на секакви ситуации. Со неа нема да имате недоумици, бидејќи таа е отворена девојка и лесно ќе ви ги искажува своите мисли и желби. Таа е грижлива и благородна. Постојано сака да создава работи и да ги исполнува нејзините цели, оттаму вашата поддршка доколку е неизмерна ќе го освои нејзиното срце.

Рак

Тие се родени романтичарки и лесно се заљубуваат. Научете ја како да се брани себеси од луѓето кои сакаат да ја искористат нејзината добродушност. Обично Ракот жена е привлечно градена и има убав лик, од друга страна, е конзервативна и срамежлива девојка. Оставете ги работите да течат по нивниот природен пат, бидејќи оваа девојка не сака да биде форсирана за ништо. Додека ја почитувате нејзината нежна природа, таа безрезервно ќе ви возврати со љубов.

Лав

Покрај тоа што се родени лидери, никогаш не се надмени. Ќе бидете освоени од нејзината интелигенција, можеби и малку засрамени но, оваа девојка ќе ве научи на многу работи. Таа е добар слушател и пријател. Во неа ќе ги најдете потребната поддршка и рамо за плачење. Никогаш не осудува, туку напротив, се обидува да ве разбере. Под нејзината силна појава има нежно срце кое ретко го покажува. Иако може да ви треба подолго време да се доближите до оваа девојка, наградата е нејзината прекрасна природа, затоа потрудете се колку треба.

Девица

Оваа девојка има интровертна природа но, е скромна и великодушна. Таа лесно ги разбира другите и е добар пријател и советник. Нејзината затворена личност, е и помалку мистична, што ја прави многу привлечна за спротивниот пол. Иако таа поставува бариера со што ви отежнува да ѝ се доближите, не се откажувајте. Бидете нејзина потпора, пријател и утеха.

Вага

Таа знае како да ги балансира работите и врската со неа нема да ви предизвикува недоумици и проблеми. За неа луѓето, настаните, деталите и специјалните прилики се од големо значење. Нејзиниот приоритет се нејзиното семејство и пријателите затоа, никогаш не ја ставајте во позиција да треба да одбере. Таа премногу верува во љубовта, што значи дека вашата љубов кон неа ќе биде ценета и возвратена. Никогаш нема да го заборави првиот пат кога сте се сретнале, кога сте ѝ изјавиле љубов, или кога сте ја бакнале. Нејзината верба кон луѓето е неизмерна затоа, оваа девојка ќе направи да се чувствувате како најсаканата личност на овој свет.
Скорпија

Таа многу се труди да ве направи среќен. Едноставна е, елегантна и речиси е невозможно да не ја забележите. Таа ги цени и малите работи и ужива во секоја авантура. Сака книги и повеќе е ориентирана кон духовните отколку кон материјалните добро. Подарете ѝ книга и освојте го нејзиното срце. Толку е едноставно. Таа има двојна природа. Нејзината духовна, смирена и мудра страна, како и авантуристичкиот дух во неа кој во многу наврати ќе ве изненади.

Стрелец

Ако барате независна личност, која нема да ве гуши во никаква смисла, ова е девојката за вас. Таа е опуштена, задоволна со самата себе и не зависи од никој. Таа знае да донесува добри и осмислени одлуки. Сака музика и е доста талентирана во повеќе области. Таа можеби не е романтична но, нејзината страст и љубовта кон слободата ќе ве освои. Во нејзините очи ќе видите ѕвезди, нејзиното присуство ќе ви стане силна потреба и нема да биде тешко да ве привлече засекогаш.

Јарец

Малку конзервативни но, не се комплицирани. Таа е целосна личност, која се согласува со сите. Има пријателска природа, и лесно е да ја чувствувате како блиска, иако не ја познавате долго време. Нејзината грижа за луѓето и работите околу неа е огромна. Нејзиниот традиционален и одговорен карактер ќе направи да се чувствувате безбедно и сигурно. Љубовта на оваа девојка нема рок, сè додека ја почитувате и поддржувате ќе добиете незаменлива партнерка и пријателка.

Водолија

Можеби е тивка и едноставна но, секогаш можете да бидете сигурни во нејзината лојалност и искреност. Иако е повлечена, ќе се изненадите од нејзините отворени видици кон светот и нејзината независна природа. Таа е позитивна, среќна и исполнета девојка. Еден едноставен гест со цвет може да ја радува со денови. Таа е толерантна и мирна но, доколку се почувствува загрозено ќе ја доживеете нејзината борбена страна.

Риби

Под изгледот на скромна и едноставна девојка се крие прекрасен ум кој ќе ве изненади. Во многу наврати ќе направи да се чувствувате подредено но, нејзиниот дух силно ќе ве привлече. Оваа девојка, успева да задржи сечие внимание со нејзиниот разговор, и доколку цел ден го поминете со неа, повторно ќе се чувствувате продуктивно и мотивирано. Нејзиното нежно срце ќе направи да се вљубувате во неа, секој ден одново и сè повеќе. Таа ќе ви го подари целото внимание кое ви е потребно но, исто така може да се повлече, ако нејзината љубов е злоупотребена.

No comments

Powered by Blogger.