Ова е терористот од Стокхолм: Полицијата објавила фотографија од човекот кој управувал со камионот

Пишува: Точка

Откако денес во Стокхолм се случил терористички напад во кој животот го загубиле најмалку три лица, шведската полиција на попладневната прес конференција објавила фотографија од мажот кој управувал со камионот.

Имено, камионот се залетал во група пешаци во централниот дел на Стокхолм, а како што пренесуваат тамошните власти, украденото возило и` припаѓало на компанијата „Спендрупс“ која се занимава со производство на пијалоци.



Нападот се случил во 15 часот по локално време, а очевидците навеле дека станува збор за тројца мажи кои излегле од камионот и пукале во полицијата, пренесува Daily Mail.



Премиерот на Шведска, Стефан Лофтен, рекол дека сите факти потврдуваат дека станува збор за терористички напад, но засега нема уапсени лица.



Моментално се одвива потера за да се најдат осомничените лица. Шведските медиуми известуваат дека осомничениот човек се упатил кон метрото.



Полицијата вели дека осомничениот бил облечен во зелена јакна, бели чевли и сив дуксер, пишува „Daily Star”. Таа објавила фотографии од надзорните камери од човекот кој се бара.



Неколку напади кои се случија минатата година во Европа беа изведени со камион. „Ројтерс“ потсетува дека Ал Каеда уште во 2010 година ги повикувала своите следбеници да го користат камионот како оружје.

No comments

Powered by Blogger.