Сите опции се на маса: Американците распоредуваат огромна воена сила во близина на Северна Кореја

Американците ништо не исклучуваат во преговорите со Северна Кореја и своите сојузници - сите опции се на маса.

Ова го изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс за време на посетата на демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи, а најавено е дека Американците во текот на следната седмица кон Корејскиот полуостров ќе испратат дури три носачи на авиони.

Како што веќе е познато, некаде во јапонското море е стациониран носачот на авиони „Карл Винсон“ за кој се очекува на 25-ти април да пристигне на брегот на Јужна Кореја, а веќе кон Корејскиот полуостров се тргнати и носачите на авиони „Роналд Реган“ и „Нимиц“, пренесува јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Од таму додаваат дека во тек се преговори помеѓу Вашингтон и Сеул околу заедничка воена вежба, која што секако би ги вклучила ударните единици кои што служат на трите носачи на авиони на американската воена морнарица.
Пишува: Toчка
Извор за „Јонхап“ оценува дека оваа одлука на американските власти е без преседан, а актуелната администрација на Доналд Трамп на овој начин покажува голема воена моќ кога станува збор за „зауздувањето“ на агресивната Северна Кореја, нешто што не беше случај кога претседател на САД беше Барак Обама.

„Народот и војската на Северна Кореја не би требало да се сомневаат во одлучноста на САД да застане покрај своите сојузници“, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс кој во посета на демилитаризираната зона пристигна еден ден после неуспешното лансирање на ракетата на Северна Кореја.

No comments

Powered by Blogger.