Паника на станица во Њујорк: Се создало стампедо, бидејќи патниците мислеле дека еден маж има пиштол

Пишува: Toчка

Возот во кој имало околу 1.200 патници, бил заглавен во тунел помеѓу Њујорк и Њу Џерси речиси три часа, а потоа на преполната железничка станица избила паника кога полицијата употребила шок – пиштол за да смири еден маж, што предизвикало стампедо.

До инцидентот дошло во петокот навечер, кога националната железничка корпорација за превоз на патници, позната како Аматрак, имала проблеми со струјата.
На преполната железничка станица избила паника кога полицијата на Аматрак употребила шок-пиштол за да совлада еден маж кој предизвикувал нереди.



Њујоршката полиција соопштила дека употребата на шок – пиштолот предизвикала лажни гласини за пукање на станицата. Луѓето врескале и бегале, оставајќи го багажот на станицата.

Според наводите на полицијата, 16 лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот.



Аматрак во петокот навечер соопштил дека мажот кој предизвикувал нереди не бил патник во возот и дека тој бил во полицискиот притвор.

No comments

Powered by Blogger.