Руски аналитичар уверен: Ако Американците ја нападнат Северна Кореја, тие ќе се бранат со нуклеарно оружје

Пишува: Точка

Воениот аналитичар и главен уредник на магазинот „Национална одбана“, Игор Коротченко, вели дека во случај на американски напад на Северна Кореја, Пјонгјанг не би можел да се одбрани.

Според него, Американците во нападот на Северна Кореја би можеле да искористат над 700 крстосувачки ракети „Томахавк“, а во тој случај, Пјонгјанг не би можел да се одбрани. Според него, толку голем број на „Томахавк“ ракети не би можеле да бидат сопрени ниту од модерен ПВО систем, а не пак од застарената против-воздушна одбрана од Советско потекло со која што располага Северна Кореја.

„Ако дојде до напад на Северна Кореја, Ким Јонг Ун би можел да одговори со нуклеарно оружје. Засега е невозможно да се процени како би изгледало тоа, но верувам дека првата цел на севернокорејските ракети би можла да биде Јужна Кореја каде што се разместени американските војници.



Коротченко не ја исклучува можноста Ким Јонг Ун да има формирано специјален тим кој ќе биде способен да го возврати ударот доколку некој започне воена агресија против Северна Кореја.

„На пример, тие би можеле да опремат подморница со неколку нуклеарни проектили и да тргнат кон јужнокорејскиот, јапонскиот или дури американскиот брег. Тоа е страшно сценарио затоа што тогаш светот ќе се најде на прагот на Трета светска војна. Се надевам дека на преговорите во Москва, руското раководство им објаснило на американските колеги колку се големи ризиците во актуелната ситуација“, вели тој.

Според неговите зборови, севернокорејскиот режим е далеку од нормите на западната демократија, но и тој имал своја логика која што треба да се сфати.

Тие не се никакви лудаци, само сакаат никој да не им се меша. Но, кога САД натрупуваат бродови во близина на нивните граници, невозможно е да се предвиди каква ќе биде реакцијата на Пјонгјанг. Ова би можело да биде многу голема криза и Трамп мора да сфати дека во овој случај последиците би биле катастрофални“, предупреди рускиот аналитичар.

No comments

Powered by Blogger.