Воодушевување на Филипините: Пристигнаа руските воени бродови

Image result for russian ships in philippines
Пишува: Точка

Бродовите на руската воена морнарица денес пристигнале на Филипините каде што ќе учествуваат на заедничките воени вежби во рамките на обидите на филипинскиот претседател да ја доближи државата до Русија.

Воениот крстосувач и уште еден танкер на руската воена морнарица моментално се во четиридневна посета на Филипините, а станува збор за второ странско пристаниште кое што го посетија руските воени бродови во последните три месеци.

Филипинскот претседател Родриго Дутерте е познат како голем критичар на американската надворешна политика и се обидува да ја води земјата независно, без разлика на тоа што на хартија Филипините се сојузници на Соединетите Американски Држави. Токму поради тоа, за Дутерте приоритет е изградба на пријателство со Кина и Русија.

Капетанот Луед Линкун, директор за јавни односи при филипинската морнарица, соопшти дека Филипинците се надеваат дека нешто ќе научат од Русија за време на тренажните активности и демонстрацијата на напредната технологија и системите за вооружување со кои што располагаат руските воени бродови.

Москва сака да им помогне на филипинските власти во борбата против екстремизмот и пиратите кои што се активни во водите на Јужното кинеско море, а исто така Русите ќе се обидат да ја зајакнат соработката на подрачјата каде што Филипините традиционално соработуваа со Трамп.

Односите помеѓу Манила и Вашингтон драстично се влошија кон крајот на мандатот на администрацијата на Барак Обама, а откако Доналд Трамп е на чело на Белата куќа, Дутерте се воздржува од агресивната реторика кон Соединетите Американски Држави.

No comments

Powered by Blogger.