Фотографијата која го потресе светот: Таткото ги прегрнува своите убиени близнаци

Пишува; Toчка

Очајниот татко одлучил да му ја покаже на светот фотографијата од убиените близнаци, во надеж дека двегодишните Ахмад и Аја ќе укажат на целата суровост од војната во Сирија. Околу 40 деца биле убиени во нападот со хемиско оружје.

Со празен поглед и скршен од болка, Абдул ги опфатил телата на своите двегодишни близнаци. Тие, заедно со уште најмалку 100 луѓе биле убиени во монструозниот напад во вторникот во сирискиот град Кан Шеикхон. Се` уште не е познато дали нападот го извршиле руските трупи или војската на Ал Асад.




Абдул Хамид Алјусеф (29) изгубил дури 20 членови од семејството во нападот за кој денешната обдукција покажала дека бил извршен со хемискиот отров сарин. Се верува дека и самиот е заразен, а со фотографијата од своите убиени двегодишни близнаци сакал да укаже на целата суровост и монструозност на воените акции во Сирија. Убијците на Ахмад и Аја, двегодишните момче и девојче, како и на уште најмалку 100 луѓе настрадани во нападот, не се познати.

Набрзо после нападот, со порака полна со очај, суровоста на војната во Сирија ја осудил и британскиот лекар на служба токму во провинцијата Идлиб. Шауји Ислам веднаш сфатил дека станува збор за сарин.


Во нападот кој се случил во северозападната сириска провинција Идлиб, уште околу 400 луѓе се здобиле со респираторни проблеми, па Сојузот за организација на медицинска нега истакнува дека бројот на починати се` уште ќе расте.

Сирискиот воен извор негирал дека владините сили користеле такво оружје и додал дека војската „ниту сега ниту во минатото“ не користела отрови. Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така го осудил чинот нарекувајќи го монструозен и рекол дека доказите кои доаѓаат од страна на САД не се објективни и доверливи.

No comments

Powered by Blogger.