Американски генерал ја признал немоќта ако Ким нападне со класично оружје: Една земја нема да можат да одбранат

Пишува: Точка

Војската на САД признала дека не може да ја спречи Северна Кореја да го бомбардира Сеул со 4.000 артилериски проектили.

Американскиот генерал кој има моќ да ја уништи Северна Кореја, открил дека таа земја не може да го спречи Ким Јонг Ун да ја уништи земјата со 25 милиони жители.


Шокантната изјава доаѓа од генералот Хери Харис и значи дека еднаш кога Северна Кореја ќе нареди напад, САД ќе бидат беспомошни да ги спасат жителите на Јужна Кореја.
Командантот на американската пацифичка команда рекол дека Сеул, кој е еден од најнаселените светски градови, може да биде уништен за неколку минути.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не ја исклучил можноста од "голем судир" со Северна Кореја поради нејзиниот нуклеарен и ракетен програм. Иако експертите сметаат дека САД може лесно да ја добие таа војна, бројот на мртви на двете страни би бил огромен.
Давид Мартин од CBS, рекол дека властите се плашат дека Јужна Кореја и Австралија се најреални мети. Командата на морнарицата на САД на Пацификот соопштила дека Америка мора да претпостави дека севернокорејскиот лидер ќе фрли нуклеарка на Америка ако му се даде можност.

Противракетниот "THAAD" систем, наменет за рушење на нуклеарни проектили, треба да стане оперативен оваа седмица во Јужна Кореја.

Меѓутоа, генералите на САД признале дека не можат да спречат старомоден напад. Северна Кореја има околу 4.000 артилериски оружја кои современите системи за одбрана не се во состојба да ги спречат.

No comments

Powered by Blogger.