Го нарекувале бордел од пеколот, а го воделе сестри: Кој влегол таму, не се вратил никогаш

Пишува: Точка

Сестрите Делфина и Марје Де Хесус Гонзалез се родиле во сиромашно семејство во мексиканската држава Гуанахуато. Тие од 1950. па до средината на 1960. година го воделе борделот "Ранче Ел Ангел", познат и како борделот од пеколот, во градот Сан Франциско дел Ринкон.

Во работата им помагале другите две сестри, Кармен и Марија Луиза. Нивниот татко, Исидоро Торес, бил агресивен и авторитетен човек. Бил локален полицаец, кој своето насилство често го покажувал на работа, прекумерно кршејќи ги службените овластувања. При една расправија, убил еден маж и добил голем број на непријатели. Потоа семејството се преселило во Сан Франциско дел Ринкон.

Неговиот незгоден нарав, често на своја кожа го чувствувале и ќерките. Кога се шминкале или непристојно се облекувале, тој ги затворал во градскиот затвор за да ги научи на лекција. Плашејќи се дека засекогаш ќе останат сиромашни, сестрите, кога пораснале, отвориле бар. Иако на почетокот не им носел големо богатство, имале доволно пари да преживеат. Набрзо го прошириле бизнисот, па отвориле низа бордели во околните места и градови. Оделе во сиромашни села и на младите и убави девојки им нуделе работа како келнерки и чистачки. Наивните девојки кои се надевале на подобар живот не ни помислувале дека ги чека работа како проститутки.
Наивните, најубави девојки сестрите ги "чувале" за локалните богаташи со дебели паричници, додека останатите ги силувале, поливале со студена вода и заплашувале. Девојките биле под строг надзор на сестрите, често принудувани да користат хероин и кокаин. Девојките кои еднаш доаѓале во борделот "од пеколот", повеќе никогаш не излегувале од него. Оние кои забременувале, биле претепувани и принудувани да абортираат. Фетусите сестрите ги закопувале во дворот на својот имот.

Девојките кои добивале некаква полова болест ги затворале во соба, изгладнувале до смрт или ги терале другите девојки да ги тепаат. Истата судбина ги снаоѓала и оние кои одбивале да работата. Сестрите ги убивале, распарчувале и закопувале на имотот, а доколку некој бил сведок на тоа, завршувал како нив, а претходно бил ограбуван. Продавајќи алкохол и проститутки на војници, полицајци и останатите мештани, сестрите Гонзалес со време заработиле вистинско богатство.
Во јануари 1964. година, една од девојките успеала да побегне од борделот. Иако сестрите по неа ги пратиле своите помошници, не успеале да ја пронајдат. Каталина Ортега, заедно со својата мајка, отишла во полициската станица во Леон и раскажала за борделот. За среќа, полицајците не биле блиски со сестрите, и веднаш отвориле истрага. Го пребарале имотот и пронашле тела на 80 жени, 11 мажи и неколку фетуси. Вкупно - 91 жртва. Бесните мештани биле подготвени да ги линчуваат сестрите Гонзалез, но судијата ги сместил во затвор. Во текот на мачното судење, девојките ги обвиниле сестрите дека ги принудувале на сатанизам, сексуални односи со животни и убиства. Секоја од сестрите добила по 40 години затвор.

Делфина умрела во затвор во 1968. година, откако на главата и паднала кофа со цемент. Кармен заболела од рак и умрела во затворот. Марија Луиза умрела во затворот во 1984. година, а Марија де Хесус ја отслужила казната и излегла на слобода. Една легенда вели дека во затвор запознала маж со кој се венчала и живеела во изолација до својата смрт, до 90-тите години од минатиот век.

No comments

Powered by Blogger.