Полошо од Сирија: САД подготвени да отворат ново жариште, го разместуваат најмоќното вооружување

Пишува: Toчка

Советот за национална безбедност на САД на американскиот претседател Доналд Трамп му предал извештај за можни одговори на САД на нуклеарните закани од Северна Кореја, кои вклучуваат можност за разместување на нуклеарно вооружување во Јужна Кореја, јавила телевизија "NBC", повикувајќи се на неколку извори за разузнавачките служби и Пентагон.

Телевизијата тврди дека извештајот содржи опција за елиминација на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. Документот е подготвен за Трамп пред посетата на кинескиот лидер Кси Џинпинг на САД.



NBC наведува дека САД би можеле да ги искористат тие две опции само во случај соработката со Кина за контрола на Северна Кореја да не успее. Доколку соработката се подобри, предвидено е на Пјонгјанг да се влијае со санкции и дипломатија.



Претходно во разговор со новинарите по состанокот на лидерите на САД и Кина, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјавил дека САД се подготвуваат за соработка со Кина во врска со Северн Кореја, но не е исклучена можноста да одат по свој пат ако таа соработка не успее.



No comments

Powered by Blogger.