Новинарите и пратениците на СДСМ и ДУИ затворени во прес центарот, поддржувачите на ДПМНЕ влегоа во Собрание


Откако Талат Џафери беше изгласан за нов претседател на Собранието, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои протестираа пред Парламентот влегоа внатре. Во моентов тие се во салата каде се одржуваат седниците, а новинарите и пратениците од СДСМ и ДУИ се затворени во прес центарот.

Пратеникот Мисовски ги уверува новинарите да бидат спокојни, бидејќи новиот претседател на Собранието ќе ги заштити.

Новиот спикер Талат Џафери рече дека оној што е неповикан во Парламентот и што нема да си ги врши своите надлежности, ќе одговора пред законите, а МВР е главно одговорно за безбедноста на Собранието.

Влатко Стојановски

No comments

Powered by Blogger.