Ким Јонг Ун отвори улица со која и Њујорк би се гордеел

 Пишува: Toчка

Во услови на уште поголеми тензии со Западот, севернокорејскиот режим во главниот град приреди спектакл.

Отворање на нова улица која изгледа како да е ископирана од некои западни земји. Црвената лента официјално ја пресекол лидерот на најзатворената земја на светот, Ким Јонг Ун.



Во четвртокот во центарот на Пјонгјанг се одржа голема свеченост. Севернокорејскиот режим за странските медиуми претходно најави голем и значаен настан и до последниот момент не држеше во неизвесност - за потоа да се појави севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун и свечено да отвори.. нова улица.

На улицата има над десетици облакодери со апартмани и продавници и на прв поглед се изгледа како да сте негде на Запад, а не во најзатворената, најконзервативната земја на светот. Еден од облакодерите, највисокиот во Пјонгјанг, има 70 ката.



"Всушност, изградбата на улицата Ryomyong е голем и значаен настан, кој го покажува искрениот сојуз меѓу нашата партија и народот, како и потенцијалот за развој на социјалистичка Кореја. Тоа е пострашно од експлозиите на стотици нуклеарни бомби над непријателските глави", изјавил на отворањето северокорејскиот премиер Пак Понг Ју.

Се што гледате на оваа улица било подигнато за само една година. Изградбата започнала со вртоглава брзина, но потоа била паузирана поради поплавите минатата есен, бидејќи ресурсите морале да бидат пренасочени за реконструкција на уништените домови.



"Ова е многу едноставно. Ја имаме силата на нашата политика на која војската и' е на прво место благодарение на нашите сјајни лидери, имаме и нуклеарна моќ, која ја разви саканиот и почитуван лидер Ким Јонг Ун", изјавил жител на Пјонгјанг.. Масовно, жителите на Пјонгјан се упатиле кон новоотворените продавници кои нудат само домашни производи.



"Сите производи изложени на полиците се нови и повеќето од нив се од сосема нови брендови", истакнала помошничката во една од продавниците.

"Не би можел да користам голем број на странски производи, бидејќи многу ми се допаѓа храната на корејските производители", вели наставник по физичко образование.



Во исто време, западните држави ја чекаат сабота, кога ќе се слави роденденот на севернокорејскиот основач на нацијата - Ким Ил Сунг, а ова за Пјонгјанг е редовен повод за тестирање на ново оружје. Доналд Трамп изјави дека ова нема да се толерира повеќе и испрати носачи на авиони кон севернокорејскиот полуостров. А Кина по должината на границата распореди околу 150.000 војници.

No comments

Powered by Blogger.