Мистеријата за крвавиот водопад: Откриено зошто Антарктикот "крвари"

Пишува; Точка

Крвавите водопади далеку на југот на нашата планета изгледаат страшно во белините на глечерот Тејлор.

Глетката која изгледа како рана која крвари долго време била мистерија, додека не била откриена тајната на овој феномен на Антарктикот. Откриено е дека железото во водата во допир со воздухот оксидира и ги бои водопадите во црвено длабоко под мразот. Во целиот процес помагаат и микробите од водата.

"Таа вода не е само единствена појава. Тоа се вистинските врати во подземјето на Антарктикот", рекла Џили Микуцки од универзитетот во Ноксвил. Интересно е дека научниците и претходно откривале течна вода во мразот, но ова е прв пат да откријат вистински резервоари во земјата, и тоа резервоари со вода богата со живот.
Самите крвави водопади се неверојатно ретка појава. Научниците веруваат дека водата излегува на површина поради промените во количината н мразот, што доведува до промена на притисокот на земјата. Микуцкова и соработниците сега откриле дека стотина метри под мразот постои цел систем на подземни резервоари со вода.

Бидејќи со големи сензори набљудувале одредени физички карактеристики во долината, заклучиле дека под двесте метри земја и неколку стотина метри мраз, има огромни резервоари вода кои се протегаат далеку под површината на морето.

"Ова дефинитивно е најмалку истражената компонента системи на вода на нашата планета, затоа што се наоѓа под мраз", вели Слаек Тулацки од универзитетот во Калифорнија.

Таа вода е студена, длабоко закопана и дури два пати посолена од околното море, но како што покажуваат крвавите водопади, веројатно и богата со живот. Токму таа вода би можела да биде објаснување за богатиот живот во крајбрежното подрачје на Јужниот океан.

Се претпоставува дека бројни бактерии излегуваат на површината и таму разградуваат илјадници тони железо, што доведува до појава на алги и риби во крајбрежното подрачје. Меѓутоа, како што предупредува Марк Мор од универзитетот во Саутемптон, тој процес уште не е дефинитивно докажан.

No comments

Powered by Blogger.