НАСА: Две месечини во Сончевиот систем имаат клучни состојки за живот


Наса откри нови докази за постоење на услови за живот на две месечини во Сончевиот систем - месечината Европа на Јупитер и месечината на Сатурн Енцелад. Особено Енцелад ги има сите клучни состојки за живот каков што знаеме, велат истражувачите.

Новите набљудувања на овие активни океански светови во нашиот сончев систем беа забележани од двете мисии на Наса и беа претставени во одделни истражувања за време на пресконференцијата на Наса.

Користејќи масен спектрометар, леталото Касини откри докази за хидротермална активност на сатурновата месечина Енцелад.

„Сега Енцелад се наоѓа на високо место на листата во Сончевиот систем со оглед на тоа што прикажа услови за живот“, изјави Хантер Ваит, лидер на тимот од Југозападниот истражувачки институт во Сан Антонио.

Дополнително на тоа, вселенскиот телескоп Хабл на месечината Европа регистрирал веројатни извори на гејзери за кои се претпоставува дека се формирани од хемиска енергија со која може да биде создаден живот.

„Ова е значајно бидејќи останатиот дел од планетата не е лесен за предвидување или разбирање“, изјави Бритни Шмид, втор автор на истражувањето за Европа.

Зошто сето ова е возбудливо?

„Ова е најблиску што некогаш сме дошле кога станува збор за идентификување на место кое ги има сите потребни состојки за погодна средина за живот. Резултатите демонстрираат меѓусебно поврзана природа меѓу научните мисии на Наса кои се доближуваат поблиску до одговорот дали сме сами или не“, вели Томас Зурбухен, соработник администратор за Дирекцијата за наука и мисија на Наса.

Потребните состојки за живот каков што го знаеме се вода во течна состојба, извори на енергија и хемикалии како јаглерод, водород, кислород, азот, сулфур и фосфор.

Европа и Енцелад покажуваат дека ги имаат овие клучни состојки за живот во нивните океани, па токму поради ова научниците веруваат дека на нив е најголемата шанса да пронајдат живот надвор од Земјата и во нашиот Сончев систем.



Земјата се смета за океански свет бидејќи овие тела го покриваат поголемиот дел од нејзината површина. Други океански светови во нашиот Сончев систем, освен Европа и Енцелада, се месечините на Јупитер, Генимејд и Калисто; месечините на Сатурн, Мимас и Титан и месечината на Нептун, Тритон како и џуџестата планета Плутон.

Се верува дека Марс и Венера некогаш биле океански светот; но ефектот на стакленички гасови и ранливата атмосфера предизвикале овие планети да ги изгубат океаните.

Што е следно?

Иако мисијата со леталото Касини, која започна во 2004 година, ќе заврши оваа година, научниците се нестрпливи Наса да се врати на Енцелад и да бара живот, бидејќи тие веруваат дека таа е најдобриот кандидат за постоење на живот.

Тие сакаат да потврдат случај за постоење со пронаоѓање на сулфур и фосфор на Енцелад, како и стеснување на pH и зајакнување на претходните мерења.

Наса планира и понатаму да ги истражува океанските светови во нашиот Сончев систем, вклучително и преку мисијата наречена Европа Клипер.

No comments

Powered by Blogger.