Страшни сцени од метрото на смртта: Луѓето трчаат низ чадот во паника, изнесуваат крвави патници, Русија во шок!

Пишува: Точка

Луѓето се во шок, на улиците владее паника.

Експлозија денес го потресла метрото во Санкт Петербург, а според првите информации на полицијата, изгледа дека биле активирани експлозивна направи во самиот подземен воз. Сцените од метрото се застршувачки, а Русија е во шок. Се стравува дека станува збор за тероризам, како што може да се заклучи од изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, и другите надлежни органи.
Како што пренесуваат руските медиуми, загинале 12 луѓе, додека 50 се повредени. Сцените од затворената станица се страшни, а фактот дека меѓу жртвите има и деца, оваа ситуација ја прави уште полоша.
Социјалните мрежи и интернетот е преплавен со ужасни фотографии и снимки од самото место. На фотографиите и снимките може да се види како луѓе во крв лежат на земја, додека други патници и спасувачки жртви трагаат по жртви.
Како што пишуваат тамошните медиуми, најпрво постоел сомнеж дека станува збор за една експлозија, но набрзо било установено дека две експлозии биле подметнати во возот.
Според најновите известувања, бомбата се наоѓала во актовка, претходно оставена од патник во метрото.
  в метро Санкт-Петербурга.
Станция технологический университет. По всей видимости очередной "сахарок" от спецслужб.
Руските власти велат дека станува збор за импровизирана експлозивна направа која била поставена во актовка, оставена во метрото во делот за багаж.
Полицијата објавила дека метро станицата "Црна река" утрово била затворена на 45 минути поради сомнителен пакет.

"Во време на експлозијата патував на сината линија, кон станицата "Невски проспект". Нашиот воз застана во тунел помеѓу две станици, и така стоеше околу половина час. Луѓето не сфаќаа за што станува збор. Беше јавено дека сите излези и влезови во метрото се затворени, блокирани. По некое време ни се обрати машиновозачот и преку разглас не замоли да отвориме прозори, за да влегува воздух во вагоните. Бидејќи некои прозори не можеше веднаш да се отворат, дојде до мала паника", рекла жената која била во близина на местото на несреќата.

"Мина уште некое време и нашиот воз тргна, ние пристигнавме на станицата "Невски проспект". Луѓето почнаа да трчаат, имаше многу чад, сите беа прекриени со нешто на лицето. Излегов на улица", додала за Sputnik.

Според нејзините зборови во центарот имало многу полиција, возило на итна помош, пожарникари...Да потсетиме, затворени биле најмалку 8 метри станици по експлозијата.
DEVELOPING: People are evacuating from Sennaya, Technologichecky Institute stations in https://on.rt.com/87om 
На оваа шема се прикажани сообраќајни линии во метрото кои во главно биле блокирани во текот на инцидентот.

Луѓето се во шок, на улиците владее паника.

No comments

Powered by Blogger.